ТЕРМИНОЛОШКА КОМИСИЈА
при Меѓународниот славистички комитет

На конференцијата во Белград во октомври 1955 година е донесена одлука за основање на Терминолошка комисија при Меѓународниот славистички комитет.

Во перодот од 1958 до 1963 година Терминолошката комисија е составена од две поткомисии – лингвистичка (претседател А. В. Исаченко) и книжевнонаучна (претседател Д. Д. Благој), а со неа раководи Д. Д. Благој.

Во 1960 година на заседанието на Меѓународната (лингвистичка) комисија (MTKL) при Меѓународниот славистички комитет во Прага, прифатена е иницијативата на проф. Л. Андрејчин да се изработи Речник на словенската лингвистичка терминологија. Во изработката на овој речник учествуваа следните институции и соработници: Чехословачката лингвистичка терминолошка комисија (носител беше Институтот за чешки јазик на Чехословачката академија за наука); Лужичкосрпска терминолошка комисија (во рамките на лингвистичкиот отсек при Институтот за српска етнографија); во работата на Комисијата учествуваа: Р. Јенч, Г. Фаска, Ф. Михалк, Г. Шевц, П. Фјолкељ); Украинска терминолошка комисија чија работа се одвиваше под раководство на А. С. Мељничук, а подоцна раководители беа О. Б. Ткаченко и А. И. Багмут; членови на Комисијата биле А. А. Белецки, Г. М. Гнатук, М. А. Жовтобрух, И. И. Кавалик, Н. А. Москаленко, В. И. Перебејнос; Комисијата работела со поддршка на В.М. Русановски, Л. С. Паламурчук, Т. Б. Лукинова, Н. П. Романова; Белоруската терминолошка комисија (под раководство на М. Р. Судник), во нејзиниот состав биле А. И. Киселевски, И. И. Лучиц-Федорец, А. Е. Михневич, А. И. Подлужни, Г. А. Цихун). Руските еквиваленти ги напишал А. Б. Шапиро, кој бил член на Комисијата, потоа раководителот В. Г. Костомаров и А. А. Реформатски. Бугарските терминолошки еквиваленти ги уредил Л. Андрејчин во соработка со други бугарски лингвисти. Словачката лингвистичка терминологија ја обработиле соработниците од Институтот за наука за јазикот ?Људевит Штур? при Словачката академија за науки. Работата на полската терминологија била под раководство на В. Дорошевски во консултации на многубројни соработници од полските научни лингвистички институции; на полските терминолошки еквиваленти работеле Д. Бутлер и Г. Саткевич. Македонските еквиваленти ги обработиле Б. Видоески, Р. Угринова-Скаловска, Б. Конески и К. Тошев. Срскохрватските-хрватскосрпските еквиваленти ги составиле П. Ивиќ и Д. Брозовиќ. Составувачи на словенечката терминологија биле Т. Логар, Ј. Топоришиќ, Ф. Томшиќ, А. Бајец. Англиските еквиваленти ги изработиле Р. Оти, Л. Љумен, Ј. Вахек, А. Скаличкова; француските – П. Гард; германските – Р. Ружечка (во улога на консултанти биле Г. Бергман, Е. Ејхлер, Е. Изинг, Р. Клапенбах, В. Шпербер, А. Штејбе, Д. Фивитер; организатор на проектот бил Г. Ваљтер). [од Предговорот на првиот том на Речникот на словенската лингвистичка терминологија: Slovnik slovanske lingvisticke terminologie. Словарь славянской лингвистической терминологии. Dictionary of Slavonic Linguistic Terminology/Ved red. Научн. Ред.; Scient. Ed. Alois Jedlicka. – Praha: Academia, 1977. – Svazek 1. – 553 str.; 1979. – Svazek 2. – 483 str.]

Од 1968 до 1978 година претседатели на Комисиите биле Ј. Крижановски (Комисија за книжевнонаучна терминологија) и Ј. Горецки (Комисија за лингвистичка терминологија)кој бил претседател до 1998 година.

Во 1977 година во Прага излезе првиот том на Речникот на словенската лингвистичка терминологија во кој има 2266 поими и термини, распоредени системски со нивните еквиваленти на единаесет словенски јазици (чешки, словачки, полски, лужичкосрпски, руски, украински, белоруски, бугарски, македонски, српскохрватски и словенечки) и на три западни (англиски, француски и германски).

Во 1979 година излезе вториот том на Речникот во кој се наоѓаат алфабетно претставени регистри на термини на сите 14 јазици.

Од 2008 д0 2013 година со Комисијата за терминологија раководи В. Татаринов (Русија). Членови на Комисијата биле В. Татаринов (претседател), В. Кульпина (заменик), С. Казарина (секретар), А. Липгарт, Ю. Марчук, З. Палютина; од Украина – В. Дубічинський; од Белорусија – В. Шчэрбін; од Полска – S. Gajda, W. Zmarzer, J. Lukszyn; од Бугарија – М. Попова; од Финска – I. Vehmas-Lelto, J. Kudashev.

Општите состојби, задачите и проектите се изложени во Програмата на Комисијата за периодот од 2008 до 2013 година.

Во 2009 година излезе првиот број од списанието во кое се обработуваат теми поврзани со проблеми од науката за термини и терминологистика ?Славянское терминоведение? (Славянское терминоведение: теоретический журнал по проблемам терминоведения и терминологистики/ гл. Ред. В.А. Татаринов. – М.; Минск: Московский Лицей, 2009. – Но. 1).

На XV меѓународен славистички конгрес, кој се одржа од 20 до 27 август 2013 г., В. Іващченко од Украина е избрана за претседателка на Терминолошката комисија (ТК МСК) за периодот од 2013 до 2018 година. Комисијата работи во следниот состав: Украина – В. Іващенко (претседател), В. Дубічинський (секретар), І. Кочан; Белорусија – В. Шчэрбін (заменик претседател), А. Зубаў, К. Любецкая, Л. Рычкова; Полска – S. Gajda, W. Zmarzer, J. Lukszyn, E. Wolnicz-Paw?owska, M. Ma?achowicz; Русија – З. Комарова, С. Шелов, С. Гринев, Е. Голованова, Ю. Марчук, Э. Сорокина; Хрватска – M. Bratanic, M. Mihaljevic, Z. Hudacek, K. Lewis; Словенија – M. Zagar Karer, M. Jemec Tomazin, T. Fajder; Чешка – R. Kocourek, I. Bozd?chova; Србија – В. Јовановић; Македонија – Ј. Стрезовска. Општите состојби, задачите и проектите се изложени во Програмата на Комисијата 2013-2018 г.

АКТИВНОСТИ  

СООПШТЕНИЈА