ТЕРМІНОЛОГІЧНА КОМІСІЯ
при Міжнародному комітеті славістів

21.09.2021


Мицкоски, Н. (2021), Терминологијата од областа на информатичкото општество во македонскиот јазик: дефинирање и создавање терминолошки бази на податоци (докторска дисертација), Универзитет „св. Кирил и Методиј“, Скопје.

На 27 мај 2021 година, Николче Мицкоски ја одбрани докторската дисертација „Терминологијата од областа на информатичкото општество во македонскиот јазик: дефинирање и создавање терминолошки бази на податоци“.

Предмет на истражување на овој труд претставува терминологијата од областа на информатичкото општество во македонскиот јазик, нејзино дефинирање и создавање терминолошки бази на податоци. Се даваат основни начела и принципи во изградувањето на терминологијата, пропишаните ИСО–стандарди за разгледуваните подрачја, начините на образување на оваа терминологија во македонскиот јазик (деривација, сложени термини, скратени форми, семантичка деривација, заемки и сл.). Се разгледува функционирањето на оваа терминологија во практиката и нејзиното адаптирање во македонскиот јазик. Исто така, се даваат насоки за нова етапа во стандардизирањето на терминологијата во рамките на макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“ на Македонската академија на науките и уметностите.

Трудот, преку комплексен пристап, прави анализа на состојбата со информатичката терминологија во македонскиот јазик и отвора нови можности за употреба на електронската лексикографија и корпусната лингвистика во македонистичките истражувања.


НОВИНИ  

ОГОЛОШЕННЯ